Фејсбук забранет за екстремните десничари во Велика Британија

„Фејсбук“ трајно ги забранил профилите на голем број организации, екстремни десничарски групи како што се Британската национална партија, Англиската одмбранбена лига или организацијата „Британија прва“. Тие се прогласени за опасни и трајно се забранети и отстранети од социјалната мрежа.

Забранети се и профилите на лица поединци кои ги воделе овие страници. Забраната не се однесува само на тие групи или нивните челни луѓе. „Фејсбук“ ги забранил и објавите во кои се промовираат и фалат споменатите организации и на лицата кои им давале поддршка.

Вкупно се отстранети 12 сметки на организации и нивните челни луѓе или основачи на фејсбук-групи. „Фејсбук“ во своите соопштенија порачале дека за лицата и ограниациите кои ширеле говор на омраза, напаѓале или повикувале на изолација на други лица или групи, нема место на Фејсбук.

„Под својата политика, која се занимава со опасни поединци и организации, ги забранивме сите оние кои шират омраза и насилство или се вклучени во дела на омраза и насилство“, се вели во соопштението на „Фејсбук“.

Од таму објаснуваат дека поединците и организациите кои се забранети во Велика Британија, а кои ги прекршиле правилата на однесување на „Фејсбук“, во иднина нема да им биде дозволено присутност на оваа социјалната мрежа.

Scroll to Top