Фестивалот Коачела откажан третпат заради короната

Најголемиот музички фестивал во Америка, Коачела, кој требаше да се одржи од 9 до 18 април, е откажано поради коронавирусот. Ова е трето откажување на Коачела, кој не се одржа лани во април, а потоа ни во јуни. Одлуката за откажување ја донесоа здравствените власти на округот Риверсајд во Калифорнија, заради можно повторно ширење на короната.

„Фестивалот привлекува илјадници луѓе од цел свет, што би го зголемило ризикот од ширењето на вирусот. Доколку ковид-19 се појави на фестивалот, би било невозможно да се следи кој се е под ризик“, изјави шефот на здравствената служба на Риверсајд, Камерон Кајзер.

Минатата недела, и најголемиот музички фестивал во Велика Британија, Гластонбери, соопшти дека нема да се одржи ни оваа година.

Scroll to Top