Фиби сними неколку сцени од специјалната епизода на „Пријатели“

Актерката Лиса Кудроу, која се прослави со улогата на Фиби во хит-серијата „Пријатели“, откри дека веќе снимила неколку сцени од специјалната епизода на серијата. Снимањето почнува напролет, а сцените на Лиса се направени за време на предпродукцијата.

Засега сè уште нема детали кога точно ќе почне снимањето со сите глумци и кога специјалното издание ќе се појави на „Ејч-би-о макс“ бидејќи снимањето неколкупати се одложуваше поради пандемијата.

Во специјалната епизода ќе се појават сите ликови: Рејчел (Џенифер Анистон), Чендлер (Метју Пери), Фиби (Лиза Кудроу), Џои (Мет Лебланк), Моника (Кортни Кокс) и Рос (Дејвид Швимер).

Деталите за заплетот сè уште не се познати, ни името на специјалното издание. Единствено се знае дека епизодата ќе се снима во истото студио каде што е снимен оригиналот.

Scroll to Top