ФИФА менува десет фудбалски правила

Меѓународниот одбор за фудбал, орган на ФИФА задолжен за корекција на постоечките и воведување на нови правила, на последната седница промени 10 правила, кои ќе почнат да важат од сезоната 2019/2020 година.

Изменети се правилата 8. и 9. кои се однесуваат на спуштање на топката и кои предвидуваат дека ако играта е прекината во шеснаесетник, судијата ја спушта топката на голманот, а ако е прекината надвор од шеснаесетникот, судијата топката ја спушта на еден од играчите.

Ако во „живиот ѕид“ стојат тројца или повеќе дефанзивци, играчот на екипата која е во напад, не смее да биде поблиску од еден метар. Во случај ако е поблиску од еден метар, судијата е обврзан да досуди индиректен удар во корист на тимот кој во тие моменти се бранел.

Едно од правилата се однесува на јавна опомена поради нелегална прослава на погодокот и таа во иднина ќе биде на сила дури и ако погодокот е поништен. Според едно од правилата, топката е во игра веднаш откако ќе биде изведен ударот. Сега, топката не мора да го напушти шеснаесетникот за да се смета дека е во игра.

Намерното играње со рака и понатаму ќе се смета за прекршок. На почетокот на натпреварите, по новите правила, тимот кој при фрлањето на паричката победи, во иднина може да бира дали прв ќе ја има топката, или на кој гол ќе напаѓа.

Една од новините е тоа што ќе постојат различни термини за медицински прекини на мечот. Ќе се воведе прекин за освежување на актерите од 90 секунди до три минути и прекин за рехидрација, кој може да трае максимум една минута.

На играчите им се дозволени повеќебојни мации, само во случај ако се со исти бои како ракавите или самиот дрес, а уште едно од новите правила се однесува на тоа ако судијата се подготвува да покаже жолт или црвен картон, а екипата во чија корист е досуден прекршокот изведе брз слободен удар и создаде ветувачка можност за гол.

Судијата смее да го одложи покажувањето на картон до следниот прекин на играта. Заменетиот играч мора да го напушти теренот од најблиската точка на аут-линијата или гол-линијата, од местото на кое се наоѓа, а се воведува и казна со жолт или црвен картон за официјално лице од екипата, кое ќе се однесува недозволено.

 

 

 

Scroll to Top