Во Сараево вчера се одржа манифестацијата „Фиќо фест“ со која беше прославен 63. роденден на популарното возило „застава 750“, попознато како „фиќо“.
На манифестацијата присуствувале многу посетители од целиот свет, но и сопственици на ова возило. Бројот на фиќовците што и натаму се возат е огромен, велат организаторите на фестивалот.