Филипче бара да се казни организаторот на концертот на Петар Грашо на Хераклеа што беше без маски и дистанца

Министерот за здравство Венко Филипче побара од надлежните инспекции да го казнат организаторот на концерот на Петар Грашо, што пред два дена се одржа на античкиот локалитет Хераклеја во Битола. Филипче преку фејсбук-статус бара соодветни санкции, бидејќи организаторо не го почитувал протоколот за одржување концерти, а кој Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести го подготвувале заедно со организаторите на настани и манифестации. На концерот на хрватската ѕвезда, не се одржуваше дистанца, Хераклеја беше преполна, а голем број од присутните не носеа маски.

„Не можам да го премолчам прекршувањето на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеја во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имавме неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 отсто публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 метар, задолжително носење маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител“, напиша меѓу другото Филипче на „Фејсбук“.

Министерот вели дека организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува.

(Видео) Без маски и без дистанца: На концертот на Петар Грашо во Битола не се почитуваа мерките

Scroll to Top