Филмот „Џган“ добитник на главната награда на фестивал во Италија

By

Филмот „Џган“ на режисерот и сценарист Вардан Торзија ја освои главната награда „Златен светилник 2017“ на Филмскиот фестивал во Отранто, Италија.

dobivaj vesti na viber

„Во своето прво дело, режисерот со суптилна мерка и силни емоции раскажува приказна за страдање и одмазда, преку падот на еден бунтовен ангел на дното на целата негова генерација. Тежок, болен, полн со модринки, насилен, но и моќен филм, каде што светлината продира само низ еден тесен пресек на спиралата. Но, таа спирала е таа која може да ја помине иднината, се вели во изјавата на стручното жири на Фестивалот“, вели Торзија.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во другите улоги се појавуваат Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и други.

Покрај наградата во Италија, филмот „Џган“ ја освои и FIPRESCI наградата на жирито на годинашниот ПРИФЕСТ во Приштина и главната награда на филмскиот фестивал во Китзбил, Австрија.

Ќе ви се допадне