„Форбс“ ја состави листата на најбогатите, повеќе од половината од светското богатство е во рацете на 20 луѓе

Светскиот економски магазин „Форбс“ и оваа година излезе со листата на најбогати луѓе во светот. На неа годинава се најдоа 2.755 лица, што претставува рекорд досега. Листата за разлика од минатата година е зголемена за 600 лица, а на чело сè уште останува Џеф Безос (57).

Основачот на „Амазон“ веќе четврта година по ред е најбогатиот човек во светот. Неговото богатство се проценува на 177 милијарди долари. Тој е далеку пред неговите конкуренти, пренесува „Дејли мејл“.

Луѓето кои имаат повеќе од една милијарда долари заедно вредат 13.1 билион долари, што значи дека за време на пандемијата со коронавирусот тие заработиле пет милијарди повеќе. Минатата година нивното богатство вредело осум билиони долари.

Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск (49), се искачи за 31. место и неговото богатство сега се проценува на 151 милијарда долари. Во топ пет најбогати луѓе на светот се наоѓаат и извршниот директор на LVMH,  Бернард Арно (72), со 150 милијарди долари.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, (65) е зад него со 124 милијарди долари, а сопственикот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, се најде на петтото место со 97 милијарди долари.

На шестото место се наоѓа директорот на „Беркшир Хатавеј“, Ворен Бафел, (90) со 96 милиони долари. Потоа следи директорот на софтверскиот гигант „Оракл“, Лери Елисон, (76) со 93 милијарди долари. Следуваат основачот на „Гугл“, Лери Пејџ, (48) со 89 милијарди долари.

Зад него е неговиот коелега од истата компанија, Сергеј Брин, (47) со 89 милијарди долари.

На десеттото место се наоѓа сопственикот на „Рилајанс индустри“, кој се занимава со петрохемија, телекомуникации и продажба, Мукеш Амбани, (63), од Индија, со 84,5 милијарди долари.

Меѓу милијардерите се најде и Ким Кардашијан, која од октомври до денес напредувала за 220 милиони долари и ја надмина сумата од милијарда долари. Повеќе од половината од светското богатство се наоѓа во рацете на првите 20 милијардери на листата и изнесува 2,1 билиони долари.

Најмногу милијардери се од САД, 724, па потоа следат милијардерите од Кина 698, но тука не се вброени богаташите од Хонгконг и Макао.

 

 

 

 

Scroll to Top