Германската канцеларка Ангела Меркел веќе осма година по ред се најде на врвот на листата за најмоќни жени во светот. Американскиот економски магазин објави листа на 100 највлијателни жени во светот.
Во образложението се наведува дека иако иднината на Меркел е независна, земајќи го во предвид фактот дека нема да се кандидира на изборите во 2021 година, сепак неспорно е влијанието кое таа го има како лидер во Христијанско-демократската унија од 2000 година и како канцеларка на Германија од 2005 година.
На второто место се наоѓа британската премиерка Тереза Меј, која во последните две години се наоѓаше на насловните страни на магазинот, заради обидите да ги спаси преговорите со ЕУ за „Брегзит“.
На третото мест е Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, кој минатата година беше на осмото место на листата на „Форбс“.