(Фото) „Ако некој требаше да умре, подобро да бев јас“, шестгодишно момче ја одбранил сестра си од напад на бесно куче

Шестгодишниот Бриџер Вокер е момчето кое успеало да ја одбрани сестра си од напад на опасно куче во родното место Вајоминг. Во таа борба, Вокер се здобил со сериозни повреди на неговото лице. Тој денес на својот лев образ има 90 шевови и модринки.

„Ако некој требаше да умре, тогаш тоа требаше да бидам јас“, кратко им одговорил на тие кои го прашале зошто веднаш не побегнал од местото.

На Вокер веднаш му била направена операција и лекарите два часа се обидувале да го спасат.

За неговиот херојски подвиг дознаа многумина, откако неговата вујна Никол споделила фотографија од него со неговата помала сестра. Фотографијата веднаш стана вирална и за малото момче дозна речиси целиот свет.

„Тој ден мојот шестгодишен внук ја спаси својата помлада сестра со тоа што застана меѓу неа и кучето“, напишала вујната на фотографијата, која собра повеќе од милион лајкови.

„Откако кучето го изгризало мојот внук за лицето неколку пати, тој успеал да се оттргне од него, да ја фати сестра си за рака и да избега за таа да биде безбедна“, напишала вујна му.

Меѓу оние кои му се поклонија беше и светскиот боксер Тајсон Фјури, кој одлучи да го награди за неговиот херјски чин, за кој вели дека претставува најдобрата вредност кај луѓето.

Вокер стана почесен светски шампион.

 

 

Scroll to Top