(Фото) Австрискиот министер за здравство со автобус патува на работа

Новиот автриски министер за здравство, Волфганг Микштајн, оди на работа со јавен превоз, објавија медиумите. Самиот тој сподели фотографија додека е во автобус и се пофали дека оди во посета кај претседателот на Александер Ван дер Белен.

Претходно медиумите објавија фотографија и од претседателот Белен, кој бил виден како користи јавен превоз, поточно метро, додека оди на работа.

Микштајн на новата позиција министер за здравство дојде на местото на Рудолф Аншхобер, кој даде оставка. Многумина го критикуваа Микштајн, поради облеката со која се појавил пред претседателот за време на положувањето заклетва.

Тој дошол на инаугурацијата со патики и без вратоврска. Пред инаугурацијата, највисоката влада и новиот министер размениле неколку збора зад затворени врати. Поради почитување на мерките против Ковид-19, семејството Микштајн не било присутно на инаугурацијата.

По заклетвата Микштајн истакна дека веднаш сака да се фати за работа и закажал состанок со кризниот тим. Освен борбата против пандемијата, новиот австриски министер изјавил дека сака да се фокусира и на социјалните ефекти од кризата.

Канцеларот Курц изјави дека е воодушевен од одличниот избор на новиот министер од страна на „зелените“. Курц нагласи дека е добро што владата има експерти во својот тим.

(Фото) Австрискиот претседател со метро патува на работа

Scroll to Top