(Фото) Бајден го извадил „копчето за Кока-кола“ што Трамп го вгради во претседателскиот кабинет

Новиот американскиот претседател Џо Бајден, го отстранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет.

Ова копче му служело на Трамп, за повик на послугата да му донесе диетална „Кока-кола“. Во првата година од мандатот на Трамп никој не знаел дека воопшто постои такво копче.

Првата која го забележала била новинарка на агенцијата „Асошиетед прес“. Таа го видела Трамп како го притиснал копчето по што го забележала батлерот, како веднаш влегува во кабинетот со чаша диетална „Кока Кола“ носејќи ја на сребрен послужавник.

Трамп имал слабост кон газираниот пијалак. Тој наводно пиел и по 12 кока-коли дневно. Сега, откако Бајден е на функцијата, копчето повеќе го нема на фотографиите од работната маса.

Кога службите во Белата куќа го известиле дека Овалниот кабинет е подготвен, го прашале Бајден дали сака да го задржи копчето за диетална кока-кола. Тој одбил.

Покрај копчето за диетална кока-кола, Бајден го отстранил и тепихот со светли линии во форма на зраци поставен од Трамп во кабинетот и го вратил темно-синиот тепих со претседателски печат на средината, од времето на Бил Клинтон.

Бајден, исто така, ги вратил и завесите кои ги користел неговиот претходник Клинтон.

Scroll to Top