Во Нови Сад осамна мурал посветен на легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ. Уметникот Урош Штрбоја, покрај насликаниот панонски морал, ги напишал и стиховите од неговата позната песна „Приспивна за деца“: „Ќе ти зборат за пловење тие што сидро не дигнале“.
За потсетување, кантавторот почина на 19 февруари на 67 години од коронавирус.