(Фото) Била прогласена за најубава жена на светот, на натпревар за кој не знаела дека се одржува

Израелката Џаел Шалбиа била прогласена за најубава жена на светот во натпреварот „100 најубави лица на годината“, која го составила TC Candler. Но, Џаел во интервју за „Сан“, вели дека не знаела за изборот и дека не знае зошто токму неа ја избрале.

„Бев изненадена. Не знаев дека учествувам во овој избор. Не знам зошто мене ме избрале, кога убавината е индивудална работа и според мене сите жени се убави“, изјавила таа за „Сан“.

Џаел е порасната во еверјско семејство на северот од Израел. Подоцна сите се преселиле во Тел Авив. Денес Џаел работи во војската и е многу популарна. На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 200.000 фанови.

„Имам чест да ѝ служам на мојата земја. Имам голема одговорност и како војник, но и како јавна личност. Се обидувам да најдам некаков баланс меѓу двете работи“, објаснила Џаел.

Како модел учествувала во кампањи на Ким Кардашијан и Кајли Џенер. Претходно потврдила дека се забавува со 36-годишниот Брендон Корф, внук на покојниот милијардер Самер Редстон.

Scroll to Top