(ФОТО) Чудо од автомобил на струја за 4.500 евра!

Покрај релативно малата автономија на возење, моментно најголема мана на електричните автомобили е нивната висока цена. Меѓутоа, еден кинески произведувач, во соработка со „Џенерал моторс“, на пазарот понуди мал градски автомобил на струја, кој чини само 4.500 евра.

 

За разлика од луксузните електрични модели на компанијата „Тесла“, чија цена се движи од 35.000, па до над 100.000 долари, Baojun E100 е значително поскромно возило.

Овој автомобил е произведен во американско-кинеската компанија SAIC-GM-Wuling, а концепцијата е инспирирана од „смарт фор ту“.

Автомобилот може да превезе двајца патници, а за погон користи електромотор од 40 кс и 110 нм.

Со помош на овој агрегат Baojun E110 развива максимални 100 км/ч, а електричната енергија се складира во литиумјонски батерии чиј капацитет засега е непознат.

Сепак, се знае дека со полна батерија ова возило може да помине до 155 км. Кога целосно ќе се испразни, потребни се 7,5 часа за дополнување.

Иако со скромни карактеристики и димензии, Baojun E110 е опремен со EBD, ABS, електричен сервоволан, систем за предупредување за појава на пешак на пат, електронска паркинг-кочница (рачна), паркинг-сензори и ISOFIX-систем за прицврстување детско седиште.

Автомобилот во стандардна верзија се испорачува со мултимедијален систем опремен со седуминчен екран и вај-фај конекција.

Baojun E110 во Кина се продава по цена од 35.800 јуани, што е приближно околу 4.500 евра.

Scroll to Top