Данската политичарка Никита Клистроп (23) го одзема здивот на своите политички противници, но и на оние кои воопшто се интересираат за политика.
Никита доаѓа од семејство на политичари и е студент по реторика на Универзитет во Копенхаген. Со години била член на партијата на Млади конзервативци, а потоа се решила да се префрли кај либералите.
Никита е активна на Инстаграм и има свој блог и сигурно е дека по разголемите фотографии кои ги објавува на Инстаграм ќе добие на популарност кај либералите!
Во јавноста се појавува во провокативни фустани, кои повеќе откриваат отколку што покриваат, со длабоко деколте и екстремно кратки панталони. Сега се фотографираше и целосно гола.
Ужива во публицитетот, а вели дека критиките не ја интересираат. Никита пали и жари на социјалните мрежи и веќе е прогласена за една од најпопуларните жени во Данска.
Интересно е дека пред неколку години се пожали на својот блог како никако не може да пронајде момче и дури и се пофали дека најдобрите другарки и подариле вибратор.