(Фото) Десетина пациенти изгореа во пожар во болница во Индија

Во пожар кој ја зафати државната болница во градот Ахмеднагар, починаа 10 пациенти. Во несреќата има и повредени, потврди официјален претставник од болницата.

dobivaj vesti na viber

Овој инцидент е еден од последните во низата несреќи во болници предизвикани од краток спој во електронската опрема. Само оваа година во пожари настрадаа десетици пациенти во најбогатата индиска држава Махараштра, пренесе „Ројтерс“.

Властите и понатаму ги истражуваат причините за денешниот пожар, рече здравствениот претставник П.Д. Гандал и додаде дека само 7 од 17 пациенти на интезивна нега, се спасени од огнената стихија.

„2 пациенти се во критична состојба, а 5 се засега во стабилна состојба“, рече Гандал.

Scroll to Top