(Фото) Доналд Трамп некогаш успешен бејзбол играч и фудбалер

На социјалните мрежи се раширија фотографии од средношколските денови на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој низ животот бил успешен бизнисмен и милијардер, глобален бренд, ријалити ѕвезда, а во моментов ја извршува најважната функција во светот.

Но, се испоставило дека Трамп покрај сето ова, во своите средношколски денови играл и бејзбол и фудбал.

Тед Левињ, поранешниот другар на Трамп од средношколските денови, изјавил дека Трамп бил одличен атлет и дека дури можел да стане професионален бејзбол играч.

„Тој беше најдобар спортист од сите нас. Голем атлет. Можеше да стане вистински професиналец со начинот на кој го фрлаше бејзбол топчето“, изјавил Левињ.

Scroll to Top