(Фото) Двајца малолетници ја убиле професорката по шпански па се фалеле на фејсбук

Двајца средношколци од 16 години од Ајова се обвинети за убиство на нивната професорка по шпански јазик. Откако ја убиле тие злосторот почнале да го споделуваат по социјалните мрежи.

Нохоме Грабер (66) била пријавена за исчезната во средата утрото, а била пронајдена мртва во паркот во градот Ферфилд, неколку часа подоцна. Од полицијата рекле дека осомничените го објавиле можниот мотив и деталите за убиството и дека не се обиделе да го сокријат злосторот.

„Наставничката Грабер важеше за одличен педагог кој низ работата и како воспитувач им помогнал на илјадници деца ширум земјата“, рече гувернерката на Ајова.

Сослушувањето на малолетниците е закажано за 12 ноември, а според законите во Ајова, дозволено е да им се суди и како на возрасни лица. Засега полицијата го нема соопштено во јавност можниот мотив за убиството на наставничката.

Scroll to Top