(Фото) Финската премиерка се омажи за фудбалер

Финската премиерка Сана Марин во саботата се омажи за фудбалерот Маркус Раиконен, со кого е 16 години во врска. Двајцата се запознале кога имале 18 години, а од пред две години станаа родители на девојче со име Ема.

„Среќна сум и благодарна што можам да го поделам мојот живот со маж што го сакам. Од сите луѓе ти си за мене вистинскиот. Благодарам што си со мене“, напиша Сана Марин во објавата на „Инстаграм“.

Таа на „Инстаграм“ сподели и неколку фотографии од венчавката. Марин беше облечена во бел фустан, накитен со бело цвеќе, а младоженецот носеше класичен костим.

На церемонијата учествуваа 40 гости, во најголем дел членови на двете семејства и најблиски пријатели. Венчавката се одржа во службената премиерска резиденција „Кесеранти“ во Хелсинки.

Марин ја презеде премиерската положба како најмлада личност во земјата што досега ја извршувала оваа должност.

Scroll to Top