(Фото) Го погодил точниот резултат на мечевите од ЕП и освоил над 100.000 евра

Непознат обложувач успеал да го погоди точниот резултат на синоќешните два натпревари меѓу Хрватка и Шпанија и Франција и Швајцарија. Со вложени пет евра, тој освоил 106.875 евра. Тој уплатил само пет евра и ги одиграл точните резултати 3:3 на двата натпревари.

Вкупната квота изнесувала 22.500. За потсетување, двата натпревари синоќа имаа неверојатна завршница, откако и Хрватска и Швајцарија успеаја во последните мигови од натпреварот да го изедначат резултатот. Хрватска изгуби во продолженијата, додека Швајцарците беа подобри од Французите во изведувањето на пеналите.

Scroll to Top