(Фото) Грчки атлетичар се искачи на врвот на планината Олимп носејќи ја пријателката на грб

Грчкиот атлетичар Мариос Ганакау се искачи на врвот на планината Олимп, носејќи ја на грбот, дваесет и двегодишната Елефтерија Тосиу. Мариос ѝ го исполнил сонот на Елефтерија, која била со инвалидитет и не можела да се движи.

„Не постои ништо пореално од сонот“, напиша Мариос на „Инстаграм“, откако се искачил на Митикас, врвот на планината на Боговите.

Елефтерија студира биологија во Солун. Двајцата се запознале во септември, кога таа му ја открила желбата дека сака да се искачи на највисокиот врв на планината Олимп.

Мариос ѝ кажал дека оваа рута тој ја има успешно поминато педесет пати. Но, 51 пат била посебна за него. Тој ѝ ветил дека на почетокот на октомври ќе ја донесе на највисокиот врв, носејќи ја на грб, во специјално направен ранец.

Искачувањето до врвот траело 10 часа. Со нив биле осум членови од екипажот. Кога стигнале на висина од 2.400 метри, направиле пауза и таму ја поминале ноќта. Во понеделникот, во раните утрински часови, го продолжиле патот кон врвот, кој се наоѓал на 2.918 метри височина.

Мариос изјавил дека ѝ помогнал на неговата пријателка да го оствари сонот, кој претходно ѝ се чинел невозможен. И премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис им честиташе на двајцата за успехот.

 

 

Scroll to Top