Кинеските власти соопштија дека нивниот вселенски брод „Тијанвен-1“ денес влегол во орбитата на Марс. Во наредните месеци тој ќе бара место каде што ќе го спушти кинескиот ровер.
Од кинеската Национална вселенска служба соопштија дека вселенското летало наредните три месеци ќе ги мине во орбитата на Марс пред да го спушти модулот со истражувачкиот ровер, кој ќе ја снима површината на Црвената планета и ќе истражува со помош на специјални сензори.
Минатиот четврток на Марс успешно се спушти американскиот истражувачки ровер, „Истрајност“ на подрачјето на преисториската делта река во кратерот Езеро, каде што ќе бара остатоци од древен микроживот.
Кина денес и официјално стана втората држава што успешно стигна до Марс, а нејзиниот ровер на соларен погон, со големина на „голф“, ќе бара подземни води и докази за постоење живот. Роверот ќе користи падобрани, ракетен погон и воздушни берниња за спуштање на Марс.