(Фото) Ја фрлил ќерка си од покривот во знак на протест

Маж од Јужна Африка е обвинет за обид за убиство кога ја фрлил својата шестмесечна ќерка од врвот на колибата за да го спречи рушењето во делот на градот познат по бесправно подигнатите објекти.

Мажот (38) го зел со себе бебето на покривот од својот дом во знак на протест против булдожерите што пристигнале да го срушат објектот, во градот Квадвеси во Јужна Африка. Шест полицајци се наместиле на земјата, а еден од нив се качил на покривот за да се обиде да разговара со него. Човекот го држел бебето за ногата, а потоа го фрлил.

Како што пренесуваат светските медиуми, собраните граѓани скандирале „Фрли го, фрли го!“. На фотографијата се гледа полицаец кој се обидува да го зграпчи таткото пред да го фрли бебето. За среќа, полицијата, која била долу, го фатиле бебето и тоа не добило никакви повреди. Таткото потоа е уапсен и обвинет за обид за убиство.

Драмата се одиграла на покривот на нелегално изградената колиба, а полицијата трбеало да обезбеди тим за рушење, додека околу 150 луѓе протестирале, фрлале камења и палеле гуми. Кога бил воспоставен редот, таткото се качил на покривот со детето и побарал рушењето да прекине.

Преговарачите не успеале да го разубедат, па полицијата тргнала во акција за спасување.

„Сакал да го спречи тимот за рушење да ја уништи колибата“, изјавил портпаролот на полицијата. Како што истакнал, бебето ѝ е вратено на мајката (35), а нивниот случај го испитуваат социјалните служби за да ја осигураат безбедноста на детето.

И покрај тоа, тимот за рушење продолжил со акцијата и уништил 90 градежни објекти кои илегално се направени.

Scroll to Top