(Фото) Ким во друштво на своите вооружени генерали одбележа годишнина од примирјето меѓу двете Кореи

Државната севернокорејска агенција KCNA сподели фотографија од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој е во друштво на своите генерали, по повод одбележување на 67-годишнината од крајот на Корејската војна.

Генералите во своите раце држеле по еден комеморативени пиштол од типот Paekustan, наречен по светата планина. Ким седел во препознатливоит црн костум, опкружен со вооружените офицери. Тој ги посети и гробиштата на мачениците од ослободителната војна.

Гробиштата се наоѓаат во предградието на главниот град. Ким положи и ружа на еден од спомениците.

Во 1953 година беше потпишан договорот за примирје меѓу двете Кореи, но мировниот договор никогаш не беше потпишан, така што двете земји технички и понатаму се во војна.

Пјонгјанг примирјето го смета за победа и често ја користи годишнината од неговото потпишување за промоција на неонационализмот. Ким во саботата прогласи целосен карантин во пограничниот град Каесонг и вонредна состојба.

Ваквата одлука беше донесена откако тамошните власти добиле сознанија дека еден бегалец инфициран со коронавирус нелегално ја преминал границата и повторно се вратил во Северна Кореја, откако претходно избегал од земјата.

Ким повикал итен состанок на владејачката Работничка партија, на која се расправало за ситуацијата во Касеонг.

KCNA наведува дека вонредната состојба е задолжителна, откако еден бегалец заразен со Ковид-19 на 19 јули нелегално ја преминал границата со Јужна Кореја. Истиот тој пред три години избегал од Северна Кореја на територијата на јужниот сосед.

Scroll to Top