(Фото) Курц му испраќал бакнежи на секретарот, геј афера ја тресе австриската влада

Австриската влада ја тресе геј афера, откако во јавноста се појавија фотографии од пораки на кои може да се види како канцеларот Себастијан Курц, му успратил емотикони со бакнежи на поранешниот секретар на Министерството за финансии Томас Шмид.

Овие фотографии покренаа голем број шпекулации во јавноста, за нивниот меѓусебен однос. Покрај пораките со бакнежи кои наводно канцеларот му ги испратил на секретарот, во телефонот на Томас Шмид биле најдени и околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува Blick.

Фотографиите биле откриени за време на истрагата која се водела против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц, по откривањето на познатата афера која се случила на Ибица.

Фотографиите биле најдени во телефонот на Шмид, на кој му бил одземен од страна на надлежните служби. Тој мислел дека ги имал избришано фотографиите, но, сепак форензичарите успеале покрај нив да ги пронајдат и пораките кои ги разменувал со Курц.

Во преписката, наводно, се гледа како Курц му испраќа порака на Шмид: „Ќе добиеш се што ќе посакаш“, покрај која има три емотикони кои испраќаат бакнеж.

„Јас сум многу среќен. Го сакам својот канцелар“, му одговорил Шмид. Неколку недели по размената на овие пораки, се појави аферата Ибица.

Покрај пораките, како што пренесува Blick, во телефонот на Шмид биле најдени околу 2.500 експлицитни фотографии на кои се гледа машки полов орган. Обвинителството истражува од каде се фотографиите, но исто така истражува и како доказите од истрагата протекле во јавноста.

Scroll to Top