Полската манекенка Александра Садовска (25) ослепе откако ги тетовирала очите. Таа со одлуката да ги тетовира очите стекна голема популарност на социјалните мрежи. Сега состојбата се комплицирала и лекарите и дијагностицирале слепило на едното око, а само прашање на време е кога целосно ќе ослепи.
Александра вели дека инспирација и бил раперот во Полска и боксер Попек, кој исто така ги тетовирал очите. Компликациите почнале откако моделот се пожалил на силна болка.
Александра сега го тужи човекот кој и ги тетовирал очите, затоа што само ја советувал да испие таблети за болки. Таа вели дека има докази за тоа дека тој направил неколку грешки, а пресудно било тоа што користел тинта за кожа која не е наменета за очи. Тату мајсторот се изјаснил дека е невин, но полските медиуми пишуваат дека веројатно ќе добие затворска казна.