(Фото) Моментот кога во најголемиот метеж ќе ти излета бизон на патот

На социјалните мрежи се појави несекојдневна фотографија од најстариот национален парк во светот, Јелоустон во САД. Никому не му е јасно кој кого овде му го блокира патот.

Туристите често и самите прават метеж на патот кога ќе застанат да ги фотографираат животните, но овој пат бизонот одлучи нив да ги блокира.

Со многу леснотија ја помина улицата со својата екипа, без оглед на големиот број автомобили.

Сепак, во оваа ситуација овој џин е баш сладок, така што не веруваме дека посетителите премногу му се налутиле.

 

Scroll to Top