На брегот на австралискиот остров Тасманија се насукаа 270 китови, од кои најмалку една третина починале. Китовите биле пронајдени во понеделникот, а спасувачите стравуваат дека има уште мртви. Морските биолози се обидуваат да спасат некои од нив.
Велат се прават деликатни операции кои веројатно ќе траат со денови. Засега не е познато зошто китовите се насукале на брегот, пренесува Би-би-си. Последен пат вакво масовно насукување на китовите на Тасманија се случило во 2009 година.