(Фото) Ангел се појавил над автомобил на пожарникар

Безбедносна камера пред куќата на еден пожарникар во Мичиген снимила необична појава над неговиот автомобил. Тој верува дека станува збор за ангел.

Глен Торман, кој работел како шеф на пожарникарите во Источен Јордан, добил фотографии преку е-пошта од фирмата што му поставила безбедносен систем.

„Веднаш им реков дека тоа е ангел“, изјавил Торман, пренесува „Дејли мејл“.

На првата фотографија се гледа заматена појава над неговото возило, додека на другата фотографија се гледа неидентификуван објект како се поместува.

Торман фотографијата веднаш ја проследил до пасторот во црквата во Јордан, Дениел Моес, кој ја закачил на „Фејсбук“.

„Ова е ангел. Мислам дека сега нема сомнение кој се грижи за вашиот дом додека вие спиете. Луѓето се молат  ангелите да ги чуваат нив и нивниот имот“, напишал Моес под фотографијата.

Тој истакнал дека на фотографијата не е направен фотошоп и дека истата била направена со камера.

Но, многумина не мислат дека на фотографијата има ангел. Некои веруваат дека е во прашање молња.

„Ова е веројатно молња, а крилата се движат брзо на камерата која снима 7,5 фрејмови во секунда“, напишале под фотографијата.

 

Scroll to Top