(Фото) Над 60 полициски кучиња во Еквадор заминаа во пензија

61 полициско куче во Еквадор заслужено биле испратени во поензија, откако по повеќе години одлично ја извршувале својата должност во откривањето на дрогата.

Повеќе кучиња од видот на лабрадори, германски овчари и златни ретривери, биле згрижени од нивните поранешни тренери, пренесува АП.

Останатите биле примени од семејства кои изразиле подготвеност да им овозможат достоинствен пензионерски живот.

Полициските кучиња во Еквадор помагаат во просек околу девет години, воглавно во пронаоѓањето на кокаин кој се шверцува преку земјата.

Меѓу оние пензионираните животни на церемонијата имало и 16 кучиња кои помагале во пронаоѓањето на жртвите во рушевините по случениот земјотрес во 2016 година, во кој загинале повеќе од 600 лица.

Scroll to Top