(Фото) Најголемиот дијамант во историјата продаден на аукција во Женева

By

Најголемиот дијамант во историјата е продаден на аукција во Женева за цена од 14.124.550 долари, соопштиле денес од аукциската куќа „Кристис“.

Овој дијамант од 100.94 карати, е направен од редок дијамант од 207.29 карати, кој е ископан уште во 2016 година, пренесува „Тас“ и додава дека дијамантот е еден од најголемите кои руската компанија „Алроса“, го ископала во 21. век.

На експертите од „Алроса“, им требало повеќе од година дена за да го направат овој дијамант. Првичната цена била проценета на 13.1 до 19.7 милиони долари.

„Алроса“ е една од трите најголеми компании во светот за ископување на дијаманти. На истата аукција, накитот и предметите, меѓу кои и оние изработени од сафир и дијаманти, а кои и припаѓале на посвоената ќерка на Наполеон Бонапарта, се продадени за речиси три милиони долари.

Во колекцијата имало девет предмето од ќерката на Наполеон, Стефани де Боарна, како и круна со сафари која претходно и припаѓала на кралицата Марија Втора од Португалија.

Накитот датира од 19. век и се верува дека е венчан подарок за де Боарна, која ја посвоиле Наполеон и неговата сопруга Жозефина де Боарна.

Круната на португалската кралица Марија Втора, поставена со Бурмански сафир во центарот, достигна најголема понуда меѓу 10 царски предмети. Таа беше продадена за 1.77 милиони франки.

Аукција во Женева е специфична и по тоа што на истата се продаваат ретки предмети, кои се директно поврзани со францускиот цар.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV m2 chia anime tv: Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 12

AniWatch aniwatch: The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25