(Фото) Најмалото бебе во Македонија родено 665 грама денес замина дома

Најмалото бебе што годинава се роди во Македонија, Бехра, денес си замина во својот дом во велешкото село. Кога се роди, Бехра имаше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри.

„Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земат своето првенче. На Бехра ѝ посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“, напиша Венко Филипче, кој ја сподели веста.

„Бехра е родена на 8 октомври, предвремено во 29. гестациска недела. Мајката, која е прворотка, беше хоспитализирана три дена пред да се породи со неа. Таа беше подложна на предродилен мониторинг и третман. Бременоста ѝ беше оптоварена со повеќе ризици, вклучувајќи го слабиот раст и развој на фетусот, односно на плодот во утробата на мајката“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Тие додаваат дека бебето е родено како високоризичен пациент. Во текот на престојот Бехра имала комплексен третман, а поради проблеми со дишењето, била и на механичка вентилација.

Scroll to Top