(Фото) Наместо вода тече алкохол во поток на Хаваите

Планинар додека се шетал на хавајскиот остров Оаху, наишол на поток кој мирисал на пиво. По направените тестови, се утврдило дека водата содржи дури 1,2 отсто алкохол, пишува Вашингтон пост.

Настанот се случил минатиот месец, откако планинарот се прошетал по теренот со бујна вегетација во Ваипи, на островот Оаху на Хаваите. Претпоставил дека водата е загадена, па веднаш ја контактирал Керол Кокс, локална активистка и адвокатка која ја води непрофитната организација „EnviroWatch“.

Кокс изјавила за Вашингтон пост дека мирисот на потокот навистина бил страшен. Откако го истражиле теренот, забележале дека  одредена течност тече во поток низ карпата покрај автопатот, каде се наоѓа еден од најголемите дистрибутери на алкохол и пијалоци на островите. По што Кокс го пријавила случајот на владини претставници и поднела жалба на Кокс до Одделот за чиста вода на Одделот за здравство на Хаваи. Таа навела дека станува збор за контаминација и кршење на Законот за чиста вода, односно дека испуштањето на алкохол во водата имало штетно влијание и врз рибниот свет.

По пријавата до надлежните институции, било утврдено дека изворот на загадувањето е компанијата за пијалоци Рај Беверџис, на која ѝ било наредено да го запре испуштањето. Тие претпоставуваат дека е можно на некој начин алкохолот од нивните простории да оди во блиските водотеци, но ќе продолжат да вршат мониторинг на теренот за да бидат целосно сигурни.

Кокс вели дека не е изненадена од силната смрдеа во близина на компанијата, која се наоѓа на околу 40 километри северозападно од Хонолулу. Таа исто така додаде дека низ минатото видела потоци со боја и цемент, па веќе таквите работи ги смета за  „вообичаени“ на Хаваи.

„Има недостаток на почит кон земјата и водата, Хаваите се еколошки кревки, има малку преостанати мочуришта“, заклучува таа.

Scroll to Top