(Фото) Не можам да ги затворам очите, руска манекенка ги тужи своите хирурзи за кои вели дека ѝ го уништиле лицето

Руската манекенка Јулија Тарашевиќ го тужи својот хирург по операцијата која ѝ ја направил на лицето. Пред две години била прва придружничка во изборот за убавица на интернационален натпревар Mrs Russia, кога направила корекција на очните капаци и липосукција.

По операцијата лицето почнало да ѝ отекува, пишува DailyMail.

„Дојдов кај него со прекрасно здраво лице. Само сакав да исправам некои нијанси предизвикани од стареењето. Но, за жал, го изгубив здравјето“, рече Јулија.

Сега не може да ги затвори очите, а вели дека лицето ѝ било здрвено. Таа сега поднела кривична пријава против двајцата лекари кои учествувале во операцијата. Тие тврдат дека компликациите настанале како последица на редок генетски дефект.

„Имам лузни кои ми настанаа на образите кога ми го откорна ткивото. Очите не можам да ги затворам и не можам да се насмеам. Не можам да ја подигнам горната усна, а еден дел од лицето целото ми е здрвено“, рече таа за рускиот Channel 1.

 

Scroll to Top