(ФОТО) Некој ја бакнал нивната Маријана стара 18 дена, а потоа таа починала во рацете на таткото

Американски пар рекол дека нивното бебе, старо само 18 дена починало две недели откако се заразило со херпес по пат на бакнеж. Никол и Шејн Шифрит на Фејсбук објавиле дека нивната ќерка Маријана починала на рацете од својот татко.

Никол и Шејн се венчале кога нивната ќеркичка имала само 6 дена, а два часа по церемонијата откриле дека таа престанала да јаде и потешко да се буди. Веднаш ја однеле во болница.

Во рок од два часа таа престанала да дише и и откажувале органите.

Лекарскиот извештај покажал дека Маријана се заразила со менингитис ХСВ-1 кој е предизвикан од херпес. Нејзините родители се тестирани, но биле негативни што значи дека го добила од некој друг.

Семејството ја споделило оваа приказна, бидејќи се надева дека можеби ова ќе помогне на другите да сфатат колку херпесот може да биде опасен по новороденчињата.

Scroll to Top