(Фото) Орангутан му поддаде рака на човек во река, сакајќи да му помогне

Фотографијата која ја направил аматерскиот фотограф Анил Прабахар од Индонезија, го украде вниманието на социјалните мрежи. На неа се гледа орангутан, како се обидува да му помогне на човек во каллива река.

Анил додка бил на сафари со пријателите во Индонезија, го снимил моментот кога животното се обидува да му помогне на човекот, сметајќи дека е во невоља. Подоцна открил дека човекот кој се наоѓал во каливата река бил службеник во непрофитната организација Borneo Orangutan Survival Fonundation.

Човекот во реката имал за задача да ги отстрани змиите во овој дел, кои сметале за опасни за орангутаните. Анил објаснува дека подоцна човекот ја одбил помошта од орангутанот. Тој само се повлекол, објаснувајќи дека станува збор за диво животно, а не од оние орангутани кои ги познаваат.

 

Scroll to Top