(ФОТО) Падна првиот снег во Скопје и Македонија

Денеска утрово во западните и североисточните делови на Македонија провејува слаб снег. Од пладне времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Повремено засилен засилен ветер ќе дува на југоистокот, кој ќе доживува засилувања во одредени периоди.

Максималните дневни температури ќе се движат од 3 Целзиусови степени на крајниот исток на Македонија, преку 4 степени во Тиквешијата, а во Пелагонија и во Скопје живата во термометрите е се искачи најмногу до 6 степени. Максимумот ќе биде на југоистокот на земјата, со 10 степени.

Од почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови се очекува од среда кон четврток.

Scroll to Top