(Фото) Папата во затвор им ги миел нозете на затворениците

Папата Фрањо на Велики четврток служел миса во затвор каде што им ги миел нозете на дванаесет затвореници, меѓу кои биле и двајца муслимани, еден православен и еден будист.

По кратката средба со заболените затвореници, папата во попладневните часови предводел миса и им ги измил нозете на дванаесет затвореници од седум земји во римскиот затвор „Реџина Коели“.

„Секој има можност да го промени својот живот и да не биде жртва на осуда“, нагласил папата, кој во проповедата што ја пренел Радио Ватикан, истакнал дека ѝ себеси се смета за грешник.

Според христијанската традиција, четвртокот е денот на сеќавањата кога Исус ги измил нозете на апостолите и ја воспоставил Евхаристијата за време на Тајната вечера. Тоа е еден од главните моменти на Светата недела, обновувајќи го сеќавањето за последните денови на Исус Христос.

„За мене проповед на Црквата е посета на болните, одењето во затвор, давањето надеж на затворениците во вклучувањето“, објаснил папата Францис во неодаменшната објавена книга на разговори.

Папата во текот на своите патувања во странство редовно ги посетува затворите.

Scroll to Top