По 68 години, колку што постои принцезата на „Дизни“, Пепелашка, луѓето конечно ја забележале нејзината мана дека не ѝ се нацртани уши.
Овој детаљ особено дошол до израз со појавата на новата 3Д-Пепелашка, која набргу стигнува во кината, пренесува „Индекс.хр“.
There was something bothering me on Cinderella’s 3d model. It’s not that I don’t like it but she somehow looked different and I didn’t know why, I just realized it’s because SHE NEVER HAD EARS IN THIS COSTUME pic.twitter.com/EnEU013yPb
— Alicia (art hiatus until July) ☀️ au 📌 (@kaprikume) 5 June 2018
Всушност, Пепелашка имала уши на почетокот на цртаниот, но до крајот тие исчезнуваат. Ги нема ниту кога ѝ е пуштена косата, но ги нема ниту кога ѝ е собрана. Дури и во сцените во кои носи обетки не е сосема јасно на што се ставени.