Полицаецот Ц.Б. Флеминг од градот Саут Хил во Вирџинија, додека бил на должност, легнал на бетонот на улицата и почнал да си игра со исплашените девојчиња и нивните кукли.
Флеминг сакал да ги смири девојчињата кои биле вознемирени поради присуството на полицијата и противпожарните служби. Тие барале дупки во цевките во зградата од каде протекувал плин.
Полицаецот зел креда и почнал да црта по плочникот на улицата. Леша Ропер Бошвел заедно со нејзината ќерка ги направила фотографиите од полицаецот како си игра со малите девојчиња.
Таа вели дека иако протекувањето на плинот не било опасно, децата биле многу вознемирени.
„Тој е феноменален. Тоа е единствениот збор кој може да се употреби за описот на полицаецот Флеминг. Неговата врска со децата е неверојатна“, изјавила Бошвел за американската телевизија WTVR.
„Кога ја добив оваа работа, знаев дека постои нешто повеќе освен пишувањето казни. Не сакав поради тоа сите непрекинато да ме гледаат како лоша личност. Сфатив дека единствено важно за мене е ако можам да бидам нечија светла точка во текот на денот“, изјавил Флеминг.