(Фото) Позната украинска манекенка претепана на плажа во Турција

Познатата украинска манекенка Дарија Кирилиук (24) била нападната и претепана додека била на одмор во Турција. Таа тврди дека била напдната и претепана од обезбедувањето додека била во познатото турско летувалиште Чешме.

„Не сакам да молчам и ќе ви раскажам што ми се случи мене, на моето момче и на нашето друштво. Не нападна обезбедувањето на плажата. Четири девојки беа удрени по лицето, вклучувајќи ме и мене, а момците се тешко повредени. Ѝ дадовме на полицијата детален извештај. Нема да замижиме на ова што ни се случи“, рекла Украинката која живее и работи во Америка.

Од барот тврдат дека манекенката ја следеле телохранителите на нејзиното момче и дека покажувала безобразен и агресивен став кон околината и вработените, како и дека имаат снимка .

„Нивните тврдења се бесмислени. Прво ме тепаа мене и моето момче, а потоа зборуваа дека тој ме истепал. Неверојатно е до каде се подготвени да одат за вината да ни ја префрлат на нас“, рекла атрактивната девојка и го именувала мажот за кој смета дека ја удрил и побарала од ресторанот на пуштат повеќе снимки на кои се гледа целиот инцидент.

Овој инцидент го осудил и турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој.

Scroll to Top