Полицијата од Мјанмар го пребарала 177 метри долгиот теретен брод „Сам Ратуланги ПБ 1600“, кој се насукал на плажа. Теретниот брод го откриле рибари како пловел во водите околу најголемиот град Јангон.
Полициските службеници го пребарале бродот кој пловел под знамето на Индонезија и утврдиле дека бил празен.
Главниот секретар на Независната федерација, мјанмарскиот морепловец Аунг Кјав Лин, изјавил дека бродот бил во пловна состојба и дека се сомневаат дека истиот бил неодамна напуштен.
„Сигурно постои некоја причина зошто го напуштиле“, изјавил Лин.
Според наводите, бродот бил изграден во 2001 година, а официјално последен пат е виден недалеку од брегот на Тајван во 2009 година. Ова е прв пат напуштен брод да се појави во мјанмарските води.