(Фото) Протестираат поради поскапеното гориво

Тројца мажи од Сараево незадоволни од поскапувањето на горивата одлучиле да ги земат столовите и масата од најблиската кафеана и да го блокираат сообраќајот на една од раскрсниците во градот.

Протестот на возачи во Сараево поради поскапувањето на горивото бил одржан пред неколку дена. Некои од протестантите во населбата Мариин Двор во знак на револт во одреден временски период од денот со своите возила блокирале неколку улици.

Слични акции не биле забележани во текот на вчерашниот ден, освен на една раскрсница на која може да се забележат тројца мажи како позираат на една раскрсница во населбата Ченгиќ Вила. Тие изнеле маса и столови од најблиската кафеана и на тој начин да го изразиле своето незадоволство поради зголемените цени на горивата.

Фотографијата беше споделена на социјалните мрежи.

 

 

Scroll to Top