(Фото) Руска Инстаграм ѕвезда го украси „Ламбурџинито“ со сваровски кристали

Руската Инстаграм ѕвезда Дариа Радионова го украсила своето „Ламбурџини“ вредно 270.000 фунти, со милиони вредни „Сваровски“ кристали, пренесува „Дејли Мејл“.

Црната супер кола како што ја нарекуваат британските медиуми, Дариа ја претстави во Лондон. Пред модификацијата со дијамантите, производителот вели дека автомобилот можел да развие брзина до 350 километри на час. Ако милијардерот кој го глуми супер херојот Бетмен во филмовите,  Брус Вејн бил женско, токму тој ќе ја поседувал оваа кола велат од компанијата.

Првично ваквите суперколи се произведуваат со мазна шофершајна, со цел да му овозможи на својот супермоќен мотор, во овој случај 6,5 литри V12 да развие брзина преку полесно струење на воздухот.

Моторот може да развие брзина од 90 километри на час за 2,8 секунди, а 194 километри на час за 8,5 секунди. Сепак со украсувањето на автомобилот, кристалите ќе влијаат на перформансите на ова возило, велат произовдителите.

Радионова претходно со дијаманти ги имала украсено и своите други два автомобили Lambourghini Huracan и Mercedes CLS. Според News.com.au, на тимот кој ја направил колата со дијаманти, му биле потребни околу два месеци за да ги наместат сите кристали.

Scroll to Top