(Фото) Руски бродови преполни со оружје тргнаа кон Сирија

Два руски воени бродови натоварени со воени возила се приметени како се движат кон Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин не одговорил на нападите врз сојузниците на Сирија, но транспортниот брод „Алигатор“, во неделата е снимен како плови кон Босфор.

Како што пишуваат британските медиуми, бродот пловел кон руската база Тартус во Сирија.

 

Ова ќе биде четврто распоредување на оружјето на Русија низ Сирија, а на бродот се забележани, тенкови, камиони, амбулантни возила и „IED“ радар.

Исто така снимен е и жолт „РоРо Александар Ткаченко“, како плови кон Тартус, кој носел брзи патролни чамци, конструкција за монтажен мост и неколку камиони.

Сликите на руските бродови се објавени на социјалните мрежи, од страна на поморскиот набљудувач од Босфор, Јорук Ишик.

Новата руска воена опрема е снимена на патот кон Сирија, откако во петокот, Велика Британија, Франција и САД изведоа напад на неколку цели во Сирија, поради наводното труење со хемиско оружје во Дума.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, синиот брод „Продџект 117 LST Oрск 148“ носел советски тенкови BRT-80, Рамаз камионите и „Пелен-1 радар за детектирање на импровизирани експлозивни направи (IED). Вториот брод бил натоварен со „BMK-T“ чамец, кој се користи за поставување на привремени мостови, како и арсенал на други воени техники.

САД најави нови санкции против Москва поради продолжената поддршка на Башар ал Асад. Како што најавиле, мерките ќе бидат донесени до понеделник, со цел да се испрати порака до Москва која блокирала шест резолуции на земји кои ја бомбардирале Сирија поради наводната употреба на хемиско оружје.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп останал на тврдењето дека мисијата е постигната.

Бродовите и авионите на САД, Велика Британија и Франција испалиле повеќе од 100 ракети во саботата утрото врз објектите кои се опишани како складишта за хемиското оружје и научни истражувачки центар во Сирија. Во нападот немало жртви, додека три лица се повредени.

 

 

Scroll to Top