(Фото) Се ожени синот на Силвио Берлускони

By

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, го ожени својот син Луиџи, пренесуваат светските медиуми. Во јавноста сега излегоа и фотографии од свадбата на Луиџи со девојката Федерика Фумагали, со која беше во долга врска.

Венчавката се одржала во Милано и биле почитувани сите мерки за заштита од коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми. Свеченоста се случила на почетокот на овој месец, а дури сега во јавноста се појавија фотографии од свадбената церемонија.

На фотографиите пред црквата во Милано не можеше да се забележи Силвио, кој во септември соопшти дека е позитивен на коронавирус. Пред свадбата тој ги чекал резултатите од вториот тест, па затоа ја пропуштил венчавката, откриваат извори блиски до семејството на Берлускони.

World Today news пренесува дека опцијата Берлускони да се појави на свечената вечера во градот Макерио била отворена сè до денот на венчавката.

Поранешниот политичар и медиумски могул не е единствениот кој се борел со Ковид-19 во семејствотио. Претходно и син му го прележа вирусот, а минатиот месец и неговите сестри Марина и Барбара.

Силвио Берлускони го доби Луиџи со поранешната сопруга Вероника Ларио, со која ги има и ќерките Барбара и Еленора. Во бракот со Карла Елвира Лучија ги доби ќерката Марина и синот Пјер. Сега Силвио е оженет со Марта Фастина.

Ќе ви се допадне