(Фото) Себастијан Курц ја објави првата слика со син му

By

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц во саботата стана татко, а денес ја објави и првата фотографија со синот.

dobivaj vesti na viber

„Фала ви на сите за честитките по повод на раѓањето на нашиот син Константин. Многу сме среќни и уживаме заедно“, рече Курц и ја објави фотографијата на која со сопругата ја држат раката на нивниот син.

За потсетување, Курц во моментов е шеф на пратеничкиот клуб OVP во парламентот, откако се повлече од местото шеф на владата. Тој се повлече откако Обвинителството за економски криминал и корупција покрена истрага против него.

Неодамна му беше симнат и пратеничкиот имунитет и истрагата е продолжена, а Курц рече дека се надева дека брзо ќе може да докаже дека обвиненијата против него се лажни и погрешни.

Според тврдењата на медиумите, тој веќе работи на своето враќање, веднаш откако ќе ја докаже невиноста.

 

 

 

Ќе ви се допадне