(Фото) Шефот на „Астразенека“ си купи нова луксузна куќа во Беверли Хилс

Генералниот директор на „Астразенека“, Паскал Сорио (61), се почести со нова куќа во отмениот кварт Мосман во Сиднеј. Населбата изгледа како австралиски Беверли Хилс, а Сорио за куќата платил околу осум милиони долари, пишува австралискиот портал „Домен“.

Куќата има четири соби и голем подрум, домашно кино и сала за вежбање. Тој ја купил од инвеститорот во недвижности Фил Арнолд и неговата сопруга Мишел, а зградата е во нивна сопственост од 2005 година, кога ја купиле за 3,95 милиони долари.

Сорио е страстен купувач на недвижности. Уште во 2013 година купил куќа во предградието на Сиднеј, во населбата Лавандер, и за неа платил 3,5 милиони долари. Тој има тројца браќа и сите се лекари, а во фармацевтската индустрија е од 1982 година.

Од компанијата изјавија дека Сорио во моментов живее во Европа, но со неговата сопруга почнал да се преселува во вилата во Австралија.

Како што пренесуваат медиумите, платата на директорот на „Астразенека“ изнесува 27,5 милиони долари, па тој не морал да земе кредит за вилата.

Иако неговата компанија е петтата најголема во светот меѓу другите фармацевски компании, Сорио во неколку наврати изјавил дека зема најниска плата од сите директори во неговата индустрија.

Директорот на „Астразенека“ има двојно државјанство – француско и австралиско. Неговите деца и внуци денес живеат во Австралија. Во март оваа година тој за австралиските медиуми изјави дека силно се залага вакцината да се произведува во Австралија бидејќи сака да ја обезбеди стратешката независност на таа земја.

„Тоа е моја земја и сакав да се осигурам дека луѓето овде се добро заштитени“, рече тој за магазинот „Ејџ“.

Тој, всушност, ја почна својата кариера студирајќи ветеринарна медицина, а неговата прва работа беше ветеринар за коњи. Тој изјави дека ќе го стореше тоа дури и денес да не беше директор на компанија. Подоцна, во образованието тој се фокусирал на бизнисот и студирал финансии, не само анатомија.

Работел разни работи во Токио, Америка и во Австралија, каде што и останал. Своите први чекори во фармацевтската индустрија ги направи во „Санофи“, Франција, каде што беше шеф на американскиот пазар.

Многумина го нарекуваат човекот што ја спаси „Астразенека“ – компанијата некогаш сакаше да ја купи „Фајзер“, но Сорио остро се спротивстави.

Тој е голем обожавател на Грета Тунберг и работи на тоа да се осигури дека „Астразенека“ не остава никаков отпечаток на јаглерод.

Scroll to Top