Сиромашната држава Комори, која се наоѓа на мал остров во Индискиот Океан, ѝ даде на Кина симболични 100 евра во борбата против опасниот коронавирус. Кинеските власти им се заблагодарија и објаснија дека секоја, па дури и најмалата скромна донација може да помагне во борбата против епидемијата.
Церемонијата на давање на подарокот беше одржана во главниот град на земјата, Моронија, на почетокот на јануари, но локалните медиуми за неа известија во последните неколку дена.
Делегацијата кој ја предводел доктор Ахамад Мса Млива му подари на кинескиот амбасадор симболична сума од 100 евра, подарок наменет за купување маски.
„Ги знаеме капацитетите и средствата на Кина, но со овој гест мојата држава сака на кинескиот народ да му покаже колку овдешното население е загрижено“, изјавил доктор Ахамад.
Исто така тој ги пофали кинеските власти за комуникацијата и соработката со меѓународните организации кои се борат против епидемијата на коронавирусот, што тој го опиша како сложено и болно искуение.
Од вирусот досега починаа повеќе од 1.000 луѓе, а најмалку 43.000 се заразени ширум светот.